a
a

Рецепти

Десерт

Чиа со овошје

Потребни состојки :
3 лажици чиа
200мл млеко ( оризово, кокосово, бедемово)
Киви
Банана
Јагоди

Чиата може да стои во млекото и преку ноќ, но бидејќи јас често ја правам и ја оставам во млекото само 1 час пред јадење. Овошјето е по желба, а опција се и јаткасти плодови, малку мед, јаворов сируп, како и по некое сушено овошје како суво грозје или брусница 😍.

Десерт

Бомбици

аПотребни состојки :
100г ореви
100г лешници
100г индиски ореви
100г кокосово брашно
15 урми
3 лажици 100% какао
1 портокал
100г брусница
2 чоколади за готвење со поголем процент на какао
3 лажици кокосово масло
ванила екстракт

Јатките се оставаат преку ноќ во вода, урмите исто така се оставаат во топла вода. Се заедно се блендира и потоа во оваа смеса се става сокот од портокал и се ренда кората.

Во длабок сад ја ставате смесата и тука го додавате кокосовото брашно и какаото, потоа со раце убаво ја замесувате смесата.

Оставате во фрижидер 2 часа малку да се стегне за да може лесно да формирате бомбици.

Чоколадите ги растопувате со кокосовото масло, пред да го валкате бомбиците ќе почекате малку да се олади преливот. Ги ставате бомбиците на хартија за готвење и повторно ги враќате најмалку 2 часа во фрижидер пред да ги лапкате 😍

Десерт

Овесна каша

Потребни состојки:
Органски овес
Пола банана
4/5 јагоди
„Рака“ малини
1 лажица путер од кикирики (може и путер од лешник, бадем )
200 мл. јогурт
1 лажица сируп од урми

Овесот го оставате кратко да набабри во јогуртот, потоа го сецкате овошјето и го ставате путерот од јатки и сирупот од урма. Имате одличен доручек пред вас, на здравје 🤗

Десерт

Баунти чоколатца

Потребни состојки:
Крем од кокос (цврстиот дел од кокосовото млеко, јас го чувам во фрижидер)
100г кокос
5 лажици јаворов сируп
2 чоколади за готвење
4/5 лажици кокосово масло
малку боја – не е задолжително, јас ја сатвам за да ја излажам Лиа да ми ги јаде 😃

Се мешаат кокосовиот крем, кокосот и јаворовиот сируп, се формираат баунти чоколатца и се ставаат на хартија за готвење. Се ставаат во фрижидер да се стегнат.

Се растопува чоколадото со кокосовото масло и се валка секое парче баунти, потоа се враќа на хартијата за готвење и повторно се ставаат во фрижидер да се стегнат 😋

Десерт

Чоколаден тарт

Потребни состојки :
1 конзерва кокосово млеко
3 чоколади за готвење ( јас секогаш користам со 80% какао )
ванила екстракт
300г лешници – мелени
пола чаша какао, јас се навикнав на 100% какао па друга опција не ми доаѓа во предвид
80мл јаворов (може и друг засладувач по желба, агаве сируп или мед)
10 урми (кратко да отстојат во топла вода за полесно да се излупат)
3 лажици кокосово масло
кора од портокал
јагоди
брусница

Во измелените лешници додадете ги изблендираните урми, какаото, кората од портокал, јаворовиот сируп и кокосовото масло. Натапкајте ја смесата во калап за тарт.

На рингла растопете ги чоколадите со ванила екстрактот и кокосовото млеко.

Во калапот истурете го чоколадниов крем и ставете во фрижидер да се стегне 5/6 часа, ако сакате да се стегне побрзо ставете го чоколадниот тарт во замрзнувач 2 часа.

Пред јадење исецкајте многу јагоди и брусница на секое парче 😋

Десерт

Торта

Потребни состојки:
База:
200г лешници
1 ќесичка кокос
300г (во врела вода одстоени урми) за да може лесно да се излупат
ванила екстракт

Фил:
300г (преку ноќ во вода одстоени индиски ореви)
1 конзерва кокосово млеко
300г црвено овошје (по желба) во моето е јагода и боровница
3 до 5 лажици мед (може било кој друг засладувач)
кора од лимон и малку сок

Мојата прва здрава торта 🎂. Обично немам нерви и време да редам, блендам, киснам и слично, па генерално сè завршува кај мене во форма бомбица. Со овој рецепт сакав да си докажам дека можам 😄.

Десерт

Сникерс

Потребни состојки:
250г путер од кикирики
100г кокосово брашно
100мл јаворов сируп (може агаве сируп или мед)
100г темно чоколадо – јас секогаш користам 80%
2 лажици кокосово масло

Во сад измешајте ги путерот од кикирики, јаворовиот сируп и кокосовото брашно. Натапкајте ја смесата во мало калапче обложено со хартија за готвење. Ставете 10 мин да се лади во фрижидер.

Растопете го чоколадото со кокосовото масло и прелијте го колачот. Оставете 30 минути во фрижидер.

Исечете парчиња и по желба ставете малку крупна сол. ❤️